3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар се раздели со тренерот Андреев

Вардар се раздели со тренерот Андреев

andreev 300

Фудбалскиот клуб Вардар и тренерот Сергеј Андреев спогодбено ја раскинале соработката, пишува весникот Македонски спорт. Вардар сезонава ја освои шампионската титула во домашното првенство, но челниците на клубот не биле задоволни како Андреев ја води екипата.

Рускиот стратег во февруари минатата година го презеде Вардар и потпиша четиригодишен договор. На промоцијата, Русинот најави дека Вардар ќе игра офанзивно, но тој не успеа во својот 15-месечен мандат да ги реалзира желбите, иако ’црвено црните’ вложија многу средства во играчкиот кадар.

Сергеј Андреев во кариерата има настапувано за Зорија, Ростов, Ростелмаш, Естер, Мјалби, а одиграл 26 натпревари и постигнал осум голови за репрезентацијата на поранешниот СССР, со олимписката репрезентација на СССР ја освоил бронзата во 1980-та година.

Како тренер работел во Ростелмаш, Черноморец, Белгород, Ростов, Ника Красни, Атирау.

Наследникот на Андреев, Вардар најверојатно ќе го соопшти наредната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП