11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо и Азар лауреати во Премиер лигата

Мурињо и Азар лауреати во Премиер лигата

mou azar

Фудбалерите на Челзи ја освоија титулата во Премиер лигата, петта во клупската историја, па поради тоа менаџрот Жозе Мурињо и Еден Азар ги добија наградите за најдобар менаџер, односно фудбалер за сезоната 2014/2015.

Мурињо, менаџер на годината беше прогласуван и во 2005 и 2006 година, а оваа сезона тимот кој тој го предводеше доживеа само три пораза во 37 натпревари.

Интересно е дека Мурињо оваа сезона ниту еднаш не ја доби наградата за менаџер на месецот.

Азар (24) е дел од Челзи од 2012-та година, тој сезонава е најдобриот играч на „сините“, а на 37 натпревари имаше 14 голови и 9 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП