2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСколс: Чех може да биде како Ван дер Сар

Сколс: Чех може да биде како Ван дер Сар

petr golmanot11111

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, смета дека клубот треба да го донесе Петр Чех доколку Давид Де Хеа се пресели во Реал.

„Се сеќавам каков ефект имаше Едвин ван дер Сар кога дојде во клубот во 2005 година. Јунајтед се мачеше по заминувањето на Питер Шмајхел, а најблиску до целта бевме со Фабијан Бартез. Едвин дојде подготвен, како освојувач на Лигата на шампионите и со искуство од Премиер лигата, бидејќи четири години бранеше во Фулам. На крајот нашиот менаџер од него извлече шест успешни години“,вели Сколс.

„Едвин имаше 35 години кога дојде во Јунајтед, а Чех штотуку наполни 33 и би можел уште пет-шест години да биде активен. Нема да има проблеми со адаптацијата бидејќи е долго време во Англија. Јунајтед не сака да го загуби Де Хеа, но алтернативата е тука“, пишува Сколс во колумната за Индепендет.

Петр Чех цела деценија беше неприкосновен на голот на Челзи, но со доаѓањето на Тибо Куртоа тој го загуби своето место во стартниот состав, поради што најави заминување по завршувањето на сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП