17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНишто од нов договор! Алвес си заминува!

Ништо од нов договор! Алвес си заминува!

dani alves 00

Сагата околу обновувањето на договорот на Дани Алвес со Барселона заврши со лош крај за клубот. Бразилскиот десен бек го одбил последниот предлог на раководството и си заминува по крајот на сезоната.

Играчот одби два предлога во текот на сезоната и побара да го минат полуфиналето во Лигата на Шампионите и расплетот во првенството, за да седне и да разговара за последниот предлог на раководството.

Неговата средба со нив била денес, а на нејзиниот крај бразилецот е се подалеку од нов договор. Така тој ќе може да премине во нов тим од почетокот на јуни како слободен агент, без да се плаќа трансферна сума за неговите права.

Тој официјално ќе ја објави одлуката на специјална прес-конференција во вторник. Се уште не е јасно каде ќе ја продолжи кариерата, но најверојатно станува збор за францускиот шампион ПСЖ.

Сепак се очекува Алвес да игра во трите натпревари до крајот на сезоната, за да може соодветно да се збогува со навивачите и да му помогне на тимот во неговата борба за три титули. Барса веќе ја освои титулата на Шпанија, но се бори за трофеи од Купот на Кралот и Лигата на Шампионите.

32-годишниот Алвес пристигна во Барселона од Севиља во 2008-ма година за сума од 23 милиони евра. Досега има 341 натпревари за каталонците и 20 гола, а притоа освои 17 трофеи.

Алвес станува уште играч од ѕвездите на тимот кој го изгради од Пеп Гвардиола. Од Барса си заминаа Виктор Валдес, Пујол, Давид Виља, а Чави исто така, најави дека по крајот на сезоната го напушта „Камп Ноу“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП