26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС води 2-0 во финалето на Западот

ГС води 2-0 во финалето на Западот

1e182b77934e23db470d6e7a89e66748_crop_north

Кошаркарите на Голден Стејт славеа над Хјустон со 99:98 и во финалната серија во Западната конференција, во НБА лигата поведоа со 2:0.

Трагичар на мечот беше Џејмс Харден, кој беше на чекор до трип дабл (38, поени, 10 скока, 9 асистенции) и кој му помогна на тимот да се врати во мечот по негативата од 17 поени и кој во последните секунди ја загуби топката во ситуација кога можеше да му донесе победа на Хјустон.

Покрај Харден уште тројца играчи на Хјустон постигнаа двоцигрен број на поени: Двајт Хауард (19 поени, 17 скокови), Теренс Џонс (12 поени) и Џош Смит (10 поени).

Голден Стејт до втората победа во финалната серија го предводеше Стеф Кари со 33 поени, 3 скока, 6 асистенции и дури 6 загубени топки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП