ПочетнаИНТЕРЕСНОРаониќ нема да игра на Ролан Гарос

Раониќ нема да игра на Ролан Гарос

68raonic0407a

Канадскиот тенисер Милош Раониќ нема да учествува на Ролан Гарос бидејќи сеуште не се опоравил од операцијата на стапалото.

Раониќ на операција заминал по поразот во четвртфиналето на Мастерсот во Мадрид пред две недели и уште тогаш неговиот тим најави дека под знак прашалник е настапот на вториот Грен слем турнир во сезоната.

Канаѓенецот во моментов се наоѓа на шестата позиција на АТП листата, негов најдобар резултат на Ролан Гарос е минатогодишниот пласман во четвртфиналето каде загуби од Новак Ѓоковиќ.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП