18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДеревен го засили РК Вардар

Деревен го засили РК Вардар

dereven654654

Младиот руски бек Александар Деревен (23) е нов член на Вардар, и во дресот на „црвено-црните” ќе остане најмалку три сезони.

Деревен е еден од најталентираните леви бекови во Европа, а како потврда за тоа зборува и фактот што од страна на ЕХФ е номиниран за најдобар млад ракометар на сезоната, а на последното СП во Катар во јануари годинава беше избран во Ол стар тимот на дебитантите.

Деревен е второто засилување за Вардар во изминатите неколку денови, откако претходно договор со клубот потпиша пивотот Мијајло Марсениќ, кога договорите со клубот ги продолжија Алем Тоскиќ, Столе Стоилов, Филип Лазаров и Матијаж Брумен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП