23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБенитез замена за Анчелоти!?

Бенитез замена за Анчелоти!?

ancelotti-benitez

Тренерот на Наполи, Рафаел Бенитез, како што тврди „Gazetta dello Sport“, ќе го замени Карло Анчелоти на тренерската функција во Реал Мадрид. Италијанскиот печат пишува дека Шпанецот си оди од Неапол и дека до крајот на неделата со челниците на клубот треба да го официјализира раскинот на договорот.

Покрај италијанските и шпанските медиуми, пред се радијата „Onda Cero“ и „Cadena COPE“, исто така објавија дека Реал веќе стапил во контакт со Бенитез.

Претходно „Sky Sports“, објави дека Бенитез не одговорил на понудите кои ги добил од Ливерпул, Вест Хем и Манчестер Сити.

Инаку актуелниот тренер на Наполи е роден во Мадрид, а тренерската кариера ја започнал во Реал, во периодот од 1993-1995 бил тренер на Б тимот, но никогаш не добил можност да го тренира првиот тим на Реал.

Најголемите успеси ги имја потигнато со Валенсија (две титули во Примера, една во Купот на УЕФА), Ливерпул (титула во Лигата на шампионите) и Челзи (титула во Лига Европа).

Вкупно како тренер на Тенерифе, Валенсија, Ливерпул, Интер, Челзи и Наполи има освоено 12 трофеи.

Оваа сезона, слично како Реал и Наполи ќе остане без трофеј и веројатно без пласман во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП