6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо е загрижен за случувањата во Реал

Роналдо е загрижен за случувањата во Реал

ro tazen

Кристијано Роналдо имал итен состанок со претседателот на Реал, Флорентино Перез, на кој јасно ставил до знаење дека е загрижен за својата иднина во клубот.

Како што пренесува Marca, најдобриот играч на Реал побарал од првиот човек на клубот да му ги соопшти плановите за наредната сезона, со оглед на тоа дека бил незадоволен од сезоната која Реал ја завршува без освоен трофеј.

Португалецот, исто така, признал дека не бил задоволен бидејќи не добил поддршка од клубот кога се најде на ударот на јавноста поради роденденската забава која ја направи веднаш по катастрофалниот пораз од Атлетико (4:0).

Marca тврди дека Роналдо му соопштил на Перез дека има отворена понуда од Пари Сен Жермен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП