17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГундоган ги мина лекарските прегледи во Барселона!?

Гундоган ги мина лекарските прегледи во Барселона!?

ilkaj gundogance

Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган ги помина лекарските прегледи во Барселона, открива „Мундо Депортиво“. 24-годишниот фудбалер беше минатата недела во градот и според последните откритија на него му биле направени тестирања во клиника.

Прегледот на Гундоган бил реализирани од лекарскиот тим на Барселона.

Од каталонскиот клуб сакале да се уверат дека фудбалерот е целосно заздравен од повредата на грбот. Повредата го извади халфот за долго време од игра.

Илкај Гундоган се споменува за трансфер во Барселона. Според информациите „каталонците“ во него гледаат идеална замена на Чави Ернандес.

Фудбалерот беше во Барселона на почетокот на минатата недела, го искористи одморот кој го доби од тренерот Јирген Клоп.

Гундоган има договор со Борусија Дортмунд до летото 2016-та година, но веќе одби да го обнови.

Барселона не може да остварува трансфери до 1-ви јануари 2016-та година, но тоа не го спречува клубот да потпишува прелиминарни договори и да постигнува принципиелни договор со играчи и тимови.

Според некои изданија во Шпанија, Барселона веќе се договорил Гундоган за личните услови на играчот и ќе се обиде да го привлече од Борусија Дортмунд уште во јануари. Ако тоа не се случи, тоа халфот ќе пристигне на „Камп Ноу“ во следното лето, кога истекува неговиот договор со Борусија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП