17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ стана еден од сопствениците на АБА лигата

МЗТ стана еден од сопствениците на АБА лигата

aba_league_logo1

На состанокот на претседателите на клубовите од АБА лигата со раководстовото на лигата едногласно бил усвоен нацрт договорот, според кој 80 отсто од сите сопственички и управувачки права ќе бидат во рацете на клубовите, а останатите 20 отсто од сопственоста ќе ја има компанијата АБА Сидро д.о.о.

Сепак овој договор не е ист како оној кој пред еден месец беше договорен на состанокот во Белград, кој предвидуваше лигата да биде 100 отсто во сопственост на клубовите.

ФИБА ги бараше овие промени за да ја повлече одлуката за непризнавање на АБА лигата, а според најновиот договор раководството на АБА лигата повторно не го почитува во целост договореното бидејќи 20 отсто од сопственоста останува во компанијата која ја водат Роман Лисац, Змаго Сагадин, Радован Лорбек, Јосип Билиќ, Данко Радиќ и Божо Милиќевиќ.

На состанокот кој се одржа во Љубљана присутни биле преставници на девет клубови: МЗТ, Игокеа, Крка, Задар, Олимпија, Цибона, Цедевита, Будуќност и Партизан, додека свој преставник не испратиле Црвена ѕвезда, Мега Лекс и Металац.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП