20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЏеј Ар Смит ја сруши Атланта

Џеј Ар Смит ја сруши Атланта

havsk cliv

Џеј Ар Смит постигна осум тројки и со помош на Леброн Џејмс му овозможи на Кливленд брејк во првиот финален меч во Источната конференција во НБА лигата. Кливленд победи во Атланта со 97:89, во натпревар во кој Перо Антиќ за десет минути не успеа да постигне ниту еден поен (0/1 за два, 0/1 за три), а во статистиката запиша три скока и една украдена топка.

Атланта финалната серија, слично како претходната со Вашингтон, ја започнува со пораз на домашен терен, а дополнителен проблем за тимот е повредата со која на пет минути до крајот се здоби Демар Керол.

Покрај тоа што со просек од 17 поени по натпревар е најдобриот стрелец на Атланта во плејофот, Керол е задолжен за чување на Леброн Џејмс, иако во првиот меч не беше на своето ниво бидејќи Џејмс постигна 31 поен, на кои придодаде осум скока и шест асистенции.

Сепак играч на натпреварот беше Смит кој постигна осум тројки од 12 обиди, тој уфрли 28 поени, а имаше и осум скока и три асистенции. ‘Дабл-дабл’ забележаа центрите на Кливленд Тристан Томпсон (14 поени, 10 скока) и Томофеј Мозгов (10 поени, 11 скока).

Најпрецизен кај Атланта беше Џеф Тиг со 27 поени, 16 постигна Ал Хорфорд, а 13 реализираше Пол Милсап.

Вториот меч од серијата ќе се одигра во ноќта помеѓу петок и сабота, а домаќин повторно ќе биде Атланта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП