9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус го освои Купот на Италија

Јувентус го освои Купот на Италија

juventus6465456

Фудбалерите на Јувентус го освоија Купот на Италија, откако во финалето во Рим, по продолженијата славеа над Лацио со 2:1. Со триумфот во Купот Јувентус ја потврди доминацијата во италијанскиот фудбал, откако претходно ја обезбеди и титулата во Серија А.

‘Старата дама’ ќе има можност да се бори за уште еден трофеј, на 6.јуни во Берлин, ќе игра во финалето во Лигата на шампионите.

Јувентус во Рим го освои десеттиот трофеј во Купот во својата историја, прв по пауза од две децении.

Победата на Јуве му ја донесе Алесандро Матри во 97.минута, кога искористи една лоша реакција на одбраната на Лацио и голманот Бериша.

Претходни Лацио стигна до предност во четвртата минута со голот на Раду, а седум минути подоцна израмни Кјелини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП