15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПСЖ - најдарежливиот работодавач меѓу клубовите

ПСЖ – најдарежливиот работодавач меѓу клубовите

psg 00

Францускиот шампион ПСЖ е спортскиот клуб кој троши најмногу за плати на своите играчи во целиот свет. Тоа го покажа истражувањето на сајтот „sportingintelligence.com“ за 2015-та година.

До минатата година рекордер по овој показател беше англискиот Манчестер Сити, но сега првата позиција категорично оди кај ПСЖ со просечна неделна плата од 101.898 фунти.

„Граѓаните“ ја зазедоа третата позиција со своите 96.445 фунти, додека втор е Реал Мадрид со 96.933 фунти просечна неделна плата.

Барселона ја зазема четвртата позиција со 90.675 фунти, а петтото место е за безбол тим Лос Анџелес Доџерс (89.999 фунти).

При пресметката на износите се земаат предвид чисто трошоците за спорт, без промоции, реклами или други активности. Истражувањето опфатило 333 клубови од 17 лиги во рамките на 13 држави и 7 спортови: фудбал, безбол, кошарка, американски фудбал, крикет, хокеј на мраз и австралиски фудбал.

Општо земено, првенството во кое се даваат најмногу пари за плати е Националната кошаркарска асоцијација на САД и Канада со 448 играчи и 30 тима. Приближно на еден играч за една година се паѓа во просек да добие плата од близу 2.7 милиони фунти.

plakanje sport

Топ 10 клубови кои најдобро плаќаат (просек на година):

1. ПСЖ – фудбал – 5.298.693 фунти (101.898 фунти неделно)

2. Реал Мадрид – фудбал – 5.040.520 фунти (96.993 фунти неделно)

3. Манчестер Сити – фудбал – 5.015.122 фунти (96.445 фунти неделно)

4. Барселона – фудбал – 4.715.116 фунти (90.675 фунти неделно)

5. Лос Анџелес Доџерс – безбол – 4.679.937 фунти (89.999 фунти неделно)

6. Манчестер Јунајтед – фудбал – 4.679.377 фунти (89.988 фунти неделно)

7. Баерн Минхен – фудбал – 4.468.643 фунти (85.935 фунти неделно)

8. Челзи – фудбал – 4.353.056 фунти (83.713 фунти неделно)

9. Њујорк Јенкис – безбол – 4.263.577 фунти (81.992 фунти неделно)

10. Арсенал – фудбал – 4.054.066 фунти (77.963 фунти неделно)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП