3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМенаџерот потврди, Чави ќе игра во Ал Сад

Менаџерот потврди, Чави ќе игра во Ал Сад

cavi 33

Живата легенда на Барселона, Чави Ернандез, дефинитвно својата кариера ќе ја продолжи во Катар, потврдил неговиот менаџер Иван Кореча за агенцијата Reuters. Инаку, Чави во четврток ќе и соопшти на јавноста дека по 18 години го напушта „Ноу Камп“ и дека се сели во Ал Сад.

Менаџерот на Чави не сакал да ги коментира шпекулациите дека неговиот клиент ќе има годишна плата од осум милиони евра, но потврди дека тој ќе и помага на катарската фудбалска академија и дека ќе биде амбасадор на оваа земја за Мундијалот во 2022 година.

Чави Ернандез е еден од најтрофејните фудбалери на сите времиња, со Барселона освоил повеќе од 20 титули, а со репрезентацијата во периодот 2008-2012 освоил две европски и една светска титула.

Последен пат како играч на Барселона на „Ноу Камп“, Чави ќе истрча в недела, поради што клубот побара од Шпанската федерација да го смени протоколот и на тој натпревар на новиот шампион да му биде врачена титулата.

Чави би можел кариерата во Барселона да ја заврши со тројна круна, бидејќи Каталонците ќе играат во финалето на Купот и во финалето на Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП