17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи испрати понуда за Фалкао!?

Челзи испрати понуда за Фалкао!?

fal radamel

Англискиот шампион Челси испратил понуда за фудбалерот на Монако, Радамел Фалкао, кој игра како позајмен играч во Манчестер Јунајтед, тврди „DailyMail“.

„Сините“ од Лондон одамна ги следеле колумбискиот напаѓач и упатиле предлог чиј параметри во оваа фаза не се познати.

29-годишниот напаѓач не успеа да се наметне во составот на „црвените ѓаволи“. Тој одигра 26 натпревари во сезоната, во повеќето од нив влегуваше како резерва и реализираше само 4 гола.

Истовремено Челзи не е единствениот состав, кој се интересира за Фалкао, кој не успеа да си обезбеди место на „Олд Трафорд“. Пред неколку дена се појавија гласини според кои напаѓачот е посакуван од Валенсија.

Речиси сигурно е дека Фалкао нема да остане во Манчестер Јунајтед, а ако не дојде до негов трансфер, по секоја веројатност тој ќе се врати кај „кнезовите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП