ИНТЕРЕСНО

Марсениќ три години во Вардар

marsenic

Српскиот ракометен репрезентативец, Мијајло Марсениќ (22) договорил тригодишна соработка со Вардар, објави клубот на својата интернет страница. Марсениќ меѓу ‘црвено-црните’ доаѓа како замена за Михаил Чипурин кој заминува од клубот по завршувањето на сезоната.

Марсениќ во кариерата има настапувано за Беране, Партизан и Металург каде ја започна оваа сезона, но поради кризата која се случи во овој клуб тој замина од Автокоманда.

Марсениќ изминатите четири месеци настапуваше за Партизан.