Екипата на Минесота го доби правото да избира прва на годинешниот драфт во НБА лигата. Тимбервулфс по 11 години повторно ќе имаат можност да бираат први, а според прогнозите тие ќе се решат за Карл-Ентони Таунс од Кентаки или Џалил Окафор од Дјук.

Правото на втор избор го доби тимот на ЛА Лејкерс, а потоа ќе бираат Филаделфија, Њујорк и Орландо.
Инаку Минесота во своите редови веќе има двајца кошаркари кои биле меѓу првите пикови на претходните драфтови: Ендру Вигинс и Ентони Бенет.
„Тоа што добивме можност први да бираме ни дава можност внимателно да ги оцениме сите кошаркари и да избереме во кој правец сакаме да се движиме“, рекол тренерт на Минесота, Флип Сандерс.
Годинешниот НБА драфт ќе се одржи во Бруклин на 25-ти јуни.