18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС со пресврт до победа над Хјустон

ГС со пресврт до победа над Хјустон

gs hjuston

Кошаркарите на Голден Стејт го совладаа Хјустон со 110:106 во првиот меч од финалната серија во Западната конференција, во НБА лигата. Хјустон во втората четвртина имаше предност од 16 поени, но Голден Стејт предводен од Стеф Кари успеа да направи пресврт и да го добие натпреварот.

Хјустон подобро го започна првиот финален меч, тимот на Кевин Мекхејл во еден момент во втората четвртина имаше предност од 16 поени, но Голден Стејт до крајот на полувремето со серија од 21:4 успеа да се врати во мечот. Голден Стејт во финишот на првиот дел играше со ниска петрока, во која највисок играч со 201 сантиметар беше Дрејмонд Грин, а искусниот Шон Ливингстон во тој период постигна 14 од своите 18 поени.

„Вака навистина знаеме да ја рашириме противничката одбрана, истото го прави и Хјустон. Беше ова интересн меч, бидејќи и ние и тие сакаме да играме со ниски петорки“, рекол по мечот Стив Кер, тренерот на Голден Стејт.

Стеф Кари со 34 поени (7/11 за два, 6/11 за три), 6 скока и 5 асистенции го предводеше Голден Стејт, каде уште чертворица кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени: Ливингстон (18), Клеј Томпсон (15), Херисон Барнс (14), Грин (13 поени, 12 скока, 8 асистенции).

На спротивната страна на Џејмс Харден му недостигаше една асистенција за да стигне до ’трипл дабл’, тој имаше учинок од 28 поени (11/20 од поле), 11 скокови и 9 асистенции.

„Не можете на така добра шутерска екипа да и дозволите толку лесни положувања и на тој начин да им ја зголемите самодовербата. Токму тоа ние го направивме во втората четвртина“, рекол Харден, кој беше мета на провокациите на домашните навивачи, од трибините му викаа дека е „преценет“.

Покрај Харден кај Хјустон се истакнаа Тревор Ариза (20 поени), односно Џош Смит (17 поени, 7 скока, 5 асистенции).

Загрижувачки за Хјустон е повредата на Двајт Хауард, тој се повреди во првата четвртина, потоа се врати на теренот, но воопшто не играше во последната четвртина. Хауард мечот го заврши со седум поени и 13 скокови.

Во ноќта помеѓу среда и четврток ќе започне и финалето во Источната конференција помеѓу Атланта и Кливленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП