14 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКлоп се договорил со Реал

Клоп се договорил со Реал

bvb_cheekysmile_klopp_628

Актуелниот тренер на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, од наредната сезона ќе седи на клупата на Реал Мадрид. Германецот со ’кралскиот клуб’ потпишал тригодишен договор.

Според наводите на „Радио Дојчланд“, 47-годишниот стручњак сo управата на Реал го договорил сите услови околу соработката, тој ќе има годишна плата од осум милиони евра.

Трансферот ќе биде официјализиран по 30.мај, кога Борусија против Волфсбург ќе се бори за титулата во германскиот Куп.

Клоп во април најави дека ќе си оди од Борусија. Тој со овој тим има освоено две шампионски титули и по еден Куп и Суперкуп на Германија, а во сезоната 2012/2013 играше и во финалето во ЛШ.

На клупата на Реал, Клоп ќе го замени Карло Анчелоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП