17 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТетекс и Работнички ќе се борат за Куп трофејот

Тетекс и Работнички ќе се борат за Куп трофејот

kup mk 020

Тетекс и Работнички, последните две екипи кои триумфирале во Купот на Македонија, во среда ќе се борат за титулата во најмасовното фудбалско натпреварување кај нас.

Улогата на фаворит во финалниот меч ја има Работнички, екипа која ја брани Куп титулата освоена минатата година.

„Задоволство е да се учествува во едно Куп финале, ние сме актуелни бранители на титулата и сега кога сме во финалето ќе сториме сé за да го освоиме. Имаме голем респект кон Тетекс иако тие се веќе второлигаши. Пласманот на табелата не го одразува нивниот квалитет. Тие од нас ќе добијат целосен респект, но јас се надевам дека моите фудбалери ќе дададат се од себе и дека ќе го одбранат трофејот“, рече на прес-конференцијата тренерот на Работнички, Игор Ангеловски.

Тетекс ја прифаќа дека во финалето е аутсајдер, но од тимот велат дека тоа ќе важи само до почетокот на натпреварот, потоа сé е можно, потсетувајќи дека и пред две години биле во иста ситуација и тогаш славеа над фаворизираната Шкендија.

„Очекувам фер и коректно судење. Играме против најкомпактниот тим во Македонија во последните две години, ние ќе дадеме сé од себе за да го повториме успехот од пред две години. Работнички е фаворит но ние нема да се предадеме, ќе играме за нас, за навивачите и за иднината на Тетекс. Работнички негува фудбал кој ќе биде предизвик за нас, ќе се спротивставиме со сите сили, секако дека тие го сакаат да го однесат трофејот дома, но и ние ја имаме истата желба“, рече тренерот на Тетекс, Горазд Михајлов.

Финалето ќе се одигра на „Филип Втори“, ќе започне во 20 часот, а ќе го суди Дејан Јакимовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП