14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДушебаев уште две години во Вардар

Душебаев уште две години во Вардар

alex-dujshebaev 1

Шпанскиот ракометен репрезентативец, Алекс Душебаев (22) го продолжи договорот со Вардар и во Скопје ќе остане најмалку до јуни 2017-та година, информира клубот на својата интернет страна.

„Вардар го задржува костурот на тимот и за следните сезони, а Алекс е дел од идните планови на клубот. Неговата младост, квалитет и прикажани игри беа причина да му понудиме нов договор, што на наше задоволство го прифати. Се надеваме дека и во иднина ќе биде еден од главните алки во екипата“, вели Давор Стојаноски, директорот на Вардар.

Десниот бек зад себе има извонредна сезона, во Лигата на шампионите се наоѓа меѓу најдобрите десет стрелци, а беше избран и во тимот на сезоната во СЕХА лигата, со шпанската репрезентација играше во полуфиналето на СП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП