17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед му се спротивстави на Сити за Бејл со 139 милиони евра!?

Јунајтед му се спротивстави на Сити за Бејл со 139 милиони евра!?

bale 000

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити се наредија во редица за Герет Бејл, откако се појавија шпекулации дека Велшанецот на крајот на сезоната го напушта Реал Мадрид.

Првичниот фаворит за неговиот потпис е Сити, чиј сопственик шеикот Мансур изјави дека е подготвен да извади 110 милиони евра за него.

Во клубот се надеваат дека евентуалниот трансфер на Бејл ќе убеди Пеп Гвардиола во нивните шампионски амбиции и тој ќе премине кај нив, откако ќе го напушти Баерн.

Манчестер Јунајтед пак итно бара замена за Анхел ди Марија и е подготвен да им конкурира на сограѓаните со рекордни 100 милиони фунти (139 милиони евра). „Црвените ѓаволи“ имаат и дополнителен адут – голманот Давид де Геа, кој на „Бернабеу“ го сметаат како замена на Икер Касиљас.

Реал сепак го има проценето шпанскиот голман на 20 милиони евра, што значи дека Јунајтед ќе е во загуба од него, откако го привлече од Атлетико за поголема сума. Но, ако го вклучи во договорот, Ван Гал ќе доплати само 120 милиони евра

Реал Мадрид може и да заработи добри пари за Герет Бејл. Тој пред две години пристигна на „Бернабеу“ за 100 милиони евра. Па така Велшанецот може да донесе профит од речиси 40 милиони евра на „кралевите“, ако се врати во Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП