23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМиротиќ избран во првата руки петорка

Миротиќ избран во првата руки петорка

Nikola-Mirotic-defense

НБА лигата ја избра првата и втората руки петорка за сезоната 2014/2015. Во двете петорки на најдобрите дебитанти се најдоа тројца играчи од балканските простори, Никола Миротиќ, Јусуф Нуркиќ и Бојан Богдановиќ.

Првата руки петорка ја сочинуваат: Ендру Вигинс (Минесота), Никола Миротиќ (Чикаго), Нерленс Ноел (Филаделфија), Елфрид Пејтон (Орлансо) и Џордан Кларксон (ЛА Лејкерс).

Во втортата руки петорка се Бојан Богдановиќ (Бруклин), Јусуф Нуркиќ (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Зек Левин (Минесота), Ленгстон Геловеј (Њујорк).

Миротиќ оваа сезона во дресот на Чикаго просечно по натпревар блежел 10,2 поени, 4,9 скока и 0,7 блокади.

Нуркиќ во Денвер се наметна како еден од најталентираните центри во лигата, неговиот просек изнесува 6,9 поени, 6,2 скока и 1,1 блокади, додека Богдановиќ за Бруклин во просек имал учинок од 9 поени, 2,7 скока и 0,9 асистенции.

НБА лигата влезе во самата завршница, во ноќта помеѓу среда и четврток, ќе стартува финалето во Западната конференција помеѓу Голден Стејт и Хјустон, а пен пдоцна ќе започне и финалето на Истокот помеѓу Атланта и Кливленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП