22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи загуби од ВБА, пораз без последици

Челзи загуби од ВБА, пораз без последици

42597adeff6405f8c811150bc720266e_crop_north

Фудбалерите на Челзи претрпеа убедлив пораз во Бирмингем од Вест Бромвич Албион (3:0) во последниот натпревар ос 37.коло во Премиер лигата.

Натпреварот немаше никакво натпреварувачко значење, Челзи ја освои титулата, а домашниот тим го има обезбедено опстанокот. Сепак убедливиот пораз на Челзи преставува мало изненадување, бодејќи е само трет во досегашниот дел од сезоната.

Челзи истрча во решиси најсилниот состав, Фелипе Луис играше по левата страна во одбраната наместо Аспиликуета, а младиот Лофтус-Чик доби шанса во редот за врска.

Бераино со прекрасен удар во деветтата минута му донесе предност на ВБА. Челзи по половина час игра остана со играч помалку, откако Фабрегас на помалку бизарен начин доби црвен картон. Коста и Меколи имаа вербален дуел, Фабрегас ја шутна топката во правецот каде што беа тие двајца, но таа го погоди Брант во главата и Шпанецот оправдано беше исклучен.

Во вториот дел ВБА постигна уште два гола, Бераино од пенал го совлада Куртоа во 57 минута, а во 60.минута конечниот резултат го постави Брант.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП