ИНТЕРЕСНО

ЖРК Вардар потпиша со Човиќ

covi

Хрватската репрезентативка Андреа Човиќ (21) од наредната сезона ќе го носи дресот на ЖРК Вардар. Човиќ во Скопје доаѓа од екипата на Подравка, а со ЖРК Вардар потпишала тригодишен договор.

Човиќ настапува на пивотменската позиција, таа е една од најталентираните европски ракометарки на оваа позиција. Човиќ е замена за искусната Шпанка, Бегоња Фернандез која го напушта Вардар.