5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа 23 и 24 Мај, 34-то традиционално планинарско искачување „Титов Врв 2015

На 23 и 24 Мај, 34-то традиционално планинарско искачување „Титов Врв 2015

sara

Движењето по падините на Шар Планина го зајакнува чувството за слобода,  го поттикнува поривот за истражување на природата, за ослободување на духот, во тој дух планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, на 23-ти и 24-ти мај годинава го организира традиционалното 34-то искачување „Титов Врв 2015“.

Планинарска манифестација, која на едно место ги обединува планинарите и планинарските друштва од Македонија и цела Европа, кои имаат иста освојувачка цел: Сите заедно да се искачат на Титов Врв, на височина од 2.747 метри.

Започнати се подготовките на патеката, со цел таа да биде организирана и одбележана според стандардите за движење по планинарска патека. Долж неа ќе има пропратни пунктови кои ќе послужат за обезбедување, упатување, информации и давање на прва помош по потреба.

„Планинарскиот клуб ‘Љуботен’ од Тетово на сите љубители на планинарењето им порачува да се приклучат кон искачувањето на Титов Врв и со тоа да станат дел од традиционалната планинарска манифестација. Движењето на Шар го зајакнува чувството за слобода, го поттикнува поривот за истражување на природата, за ослободување на духот, за да се доживее задоволство, мир и спокојство. А глетката од врвот навистина е прекрасна, момент кој треба само да се доживее“, порачува Јован Божинoски.

sara

Планинарските друштва во сабота, 23-ти мај, ќе пристигнат на Попова Шапка. Во недела наутро, долгата планинарска колона ќе се упати кон Титов Врв. Пешачењето до највисокиот врв на Шар Планина ќе трае околу 4 до 4 ипол часа. По кратката пауза, планинарите ќе се вратат на Попова Шапка, со што манифестацијата официјално ќе биде затворена. Поканети се бројни планинарски друштва и планинарски федерации, а оваа година се очекува Титов Врв да го искачат повеќе од илјада планинари. Минатата година Титов Врв го искачија над 900 планинари од 44 планинарски друштва од целиот Балкан.

Настанот се организира под покровителство на „Елем турс“ од Скопје, а главен спонзор е ТТК Банка АД Скопје. Деталната програма за годинешната манифестација може да се најде на веб страната: www.pkljuboten.org.mk.

Планинарскиот клуб „Љуботен“ е најстариот активен планинарски клуб во Македонија, кој постои од 1925 година и е организатор на голем број манифестации на Шара. Неодамна ја промовира и мобилната апликација „Exploring Shar Mountain“ прва од ваков тип во Македонија, креирана за потребите на планинарите, рекреативците и туристите што ја посетуваат Шар Планина. Мобилната апликација е бесплатна нуди квалитетни информации, мапa на којашто се исцртани планинарските патеки, најзначајните точки, врвовите, езерата, планинарски домови и местата за кампување.

titi

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП