18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонскиот ката тим доминираше на турнирот во Софија

Македонскиот ката тим доминираше на турнирот во Софија

kata-tim

Македонските репрезентативки во карате, сестрите Маријана и Мишела Димовски и Киријана Камческа, со три златни и еден сребрен медал го завршија своето учество на маѓународниот турнир „Никон Опен 2015“, кој се одржа во Софија. На меѓународниот турнир учествуваа 500 каратисти од Македонија, Бугарија, Грција, Турција, Израел, Романија, Чиле…

Маријана го освои златниот, а Мишела сребрениот медал во кати во сениорската конкуренција, а бронзата ѝ припадна на искусната Чилеанка Карла де ла Паз.

Камческа триумфираше во кати во јуниорска конкуренција, додека ката тимот на Македонија во сениорска конкуренција (сестрите Димовски и Камческа), исто така, се закити со најсјаното одличје.

Со настапот во Софија македонските репрезентативки ги започнаа подготовките за настап на Светското јуниорско првенство кое во ноември ќе се одржува во Џакарта, Индонезија.

До почетокот на Светското првенство, репрезентативките ги очекува настап на Карате 1 светскиот куп за јуниори до 21 година во Умаг, Медитеранското првенство за јуниори во Александрија и Карате 1 Премиер лигата во Истанбул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП