19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХјустон преку Клиперси до финалето на Западот

Хјустон преку Клиперси до финалето на Западот

hjuston 002

Кошаркарите на Хјустон  по 18 години изборија пласман во финалето на Западната конференција во НБА плеофот, каде за противник ќе го имаат тимот на Голден Стејт.

Хјустон во „мајсторката“ славеше над ЛА Клиперс со 113:100. Хјустон стигна до финалето иако имаше негатива од 1:3, а во шестиот меч заостануваше и 19 поени зад противникот на две минути до крајот на третиот период.

Седмиот натпревар од серијата мина во целосна доминација на Хјустон, играчите на овој тим имаа предност од самиот почетот, но во финишот им дозволија на Клиперси разликата од 20 поени да ја намалат на само осум поени, но Тревор Ариза на 90 секунди до крајот постигна тројка со која ги реши сите дилеми околу победникот.

Џејмс Харден со 31 поен, 7 скока и 8 асистенции го предводеше Хјустон, додека Ариза уфрли 22 поени, а Двајт Хауард имаше двоен ефект од 16 поени и 15 скокови.

Кај Клиперси Блејк Грифин заврши со 27 поени, 10 скока и 6 асистенции, Крис Пол кој и оваа сеозна ќе остане без можност да се бори за титулата имаше учинок од 26 поени, 10 асистенции, 5 скока и 4 украден топки, Џамал Крофорд постигна 17, а Деандре Џордан кој на крајот од сезоната ќе стане слободен играч имаше учинок од 16 поени и 17 скокови.

Финалето на Западот ќе стартува во ноќта помеѓу среда и четврток во 3 часот по средноевропско време. Инаку во регуларниот дел од сезоната Голден Стејт ги доби сите четири дуели против Хјустон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП