7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКанада светски првак во хокеј на мраз

Канада светски првак во хокеј на мраз

crosby.jpg.size.xxlarge.letterbox

Хокеарите на Канада ја освоија светската титула, која е 25-та во историјата на оваа земја, прва од 2007 година. Канаѓаните во финалето на светското првенство ја декласираа Русија со 6:1 (1:0, 3:0, 2:1).

Канада владее со светскиот хокеј бидејќи репрезентацијата е и актуелен олимписки шампион.

На шампионатот кој се одржуваше во Чешка, Канада до титулата стигна со головите на Коди Екин, Тајлер Енис, Сидни Крозби, Тајлер Сегуин, Клод Жирао и Нејтан Меккинон.

Предводена од капитенот Крозби, Канада славеше на сите десет мечеви на првенствот со импресивна гол разлика од +51.

Инаку Крозби прв пат во кариерата ја освои светската титула и стана 26-от играч во историјата кој има златни медали од СП-а, Зимските олимписки игри и триумфирал во Стенли купот.

Бронзениот медал им припадна на Американците кои во ‘малото финале’ славеа со 3:0 над домаќинот Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП