18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал по 20 години повторно ја освои Евролигата

Реал по 20 години повторно ја освои Евролигата

Real_Olympiakos

Кошаркарите на Реал Мадрид по пауза од 20 години повторно се искачија европскиот врв. Реал максимално ја оскористи предноста на домашниот терен и со победата над Олимпијакос 78:59, стигна до деветтата титула во клупската историја.

Олимпијакос ја контролираше првата четвртина, во втората Реал предводен од Мачиулис и Носиони изгради предност од седум поени. Олимпијакос успеа да се врати во средишницата на третата четвртина со серијата од 10:0, но тогаш во шутерска серија влезе Џеј Си Керол кој на Реал му ја врати предноста од седум поени.

Во последната четвртина Олимпијакос кога имаше можност не успеа да реализира четири последовни напади што Реал ја искористи и ја создаде клучната предност.

Реал доминираше во скокот (40-25) и во ударите за три поени (13 тројки), додека Олмпијакос иако имаше 64 отсто реализација за два поени, не успеа да реализира дури 14 слободни фрлања.

Лошата реализиција на слободните фрлања и лошата игра на Васислис Спанулис се пречините за поразот на Олимпијакос. Санулис постигна само три поени.

Реал го предводеше Керол со 16 поени, додека најпрецизен кај Олимпијакос беше Лоџески со 17 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП