19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси и ја обезбеди титулата на Барселона

Меси и ја обезбеди титулата на Барселона

FCB-barselona

Фудбалерите на Бареселона на коло до крајот во Примера ја обезбедија 23-та шампионска титула во клупската историја. Барселона во 37.коло во го совлада Атлетико во Мадрид со 1:0 и ги наследи ‘јорганџиите’ на шпанскиот фудбалски трон.

Победникот на „Винсенте Калдерон“ го реши Лео Меси во 65.минута, со својот 41-ви гол во сезоната.

Барса целосно му се реваншира на Атлетико, кој минатата сезона токму ва Барселона стигна до титулата.

Во исто време Реал победи кај Еспањол со 4:1. Хет трик постигна Роналдо, кој стигна до бројката од 45 голови во првенството што барем малку ќе го задоволи неговото его откако Реал не успеа да освои ниту една титула оваа сезона.

Покрај Барселона и Реал во Лигата на шампионите ќе играат и Атлетико Мадрид и Валенсија, но на Атлетико во последното коло ќе му биде потребен бод за да го обезбеди третото место кое носи директен пласман во ЛШ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП