11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар си оди од Металург

Червар си оди од Металург

lino-cervar

Трофејниот стратег Лино Червар за хрватскиот портал „24sata.hr“, рекол дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Металург.

„ Се уморив од борбата во Металург и по завршувањето на сезоната се враќам дома. Направив се што можев клубот да не згасне, како што му се случи на еден Атлетико Мадрид, сега сакам малку време да минам со своите внуци“, рекол Червар.

Стратегот кој шест години е на клупата на Металург и кој е најзаслужен за сите успеси на клубот, во изминатиот период се поврзува со селекцијата на Словенија, по оставката на Борис Денич, но тој рекол дека никој не го контактирал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП