28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ преку Федерер до титулата во Рим

Ѓоковиќ преку Федерер до титулата во Рим

novak-novak-djokovik

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои титулата на Мастерс турнирот во Рим, откако во два сета славеше над големиот ривал Роџер Федерер.

Ѓоковиќ до 19-та победа во 39-от меѓусебен дуел со Федерер дојде во два сета (6:4, 6:3) за еден час и 16 минути. Српскиот тенисер во Рим стигна до својата четврта титула, претходно тој победи во 2008, 2011 и 2014 година.

Ѓоковиќ во Рим ја освои својата 24-та Мастерс титула, која е 53-та во неговата кариера. Навечната листа на освојувачи на титули од Мастерс турнирите, Ѓоковиќ е втор со три титули помалку од Надал.

Првиот светски рекет, кој во Рим не го играше својот најдобар тенис, против Федерер рутинирано стигна до победата. Голема неизвеснот имаше во првите осум гејмови, кога Федерер пропушти една брејк топка, Ѓоковиќ успеа да се одбрани, а потоа во 10-от гем направи брејк и го освои сетот.

Втротот брејк Србинот го наптави на стартот од втириот сет и потоа рутински го заврши мечот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП