2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИџе во Португалија ќе се обиде да ја исправи ланската неправда

Иџе во Португалија ќе се обиде да ја исправи ланската неправда

idze 00

Македонскиот и европски шампион во автомобилизам, Игор Стефановски Иџе, на четвртата трка од шампионатот во Брага ќе се обиде да дојде по пехарот кој минатата година неправедно му беше одземен.  

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе викендов во Португалија ќе се обиде да ја исправи ланската неправда, кога поради организациски пропуст место на првото заврши на третото место на трката во Рампа да Фалпера во Брага, којашто е четврта до Европското првенство на ридски патеки. По победата минатата недела во Шпанија, Иџе стартува како фаворит и во Португалија посебно што противниците се исти, како и на претходната трка.

„Бидејќи продолживме директно по трката во Шпанија и стигнавме многу рано во Португалија, на што воопшто не сме навикнати, помалку ни е и здодевно во исчекување на тркачкиот викенд“, вели Иџе од Брага.

„Патеката веќе ја познавам, но овој период го искористив да проучам некои финеси на одредени опасни делови. Одам на победа на секоја трка, па и на оваа, особено затоа што лани триумфот во ми беше одземен и со контроверзна одлука на жирито завршив како трет. Исто така, лани за малку ми побегна рекордот на патеката за мојата група Н, па ќе се обидеме оваа година и тоа да го сториме“, додаде македонскиот шампион.

Проблемите со турбото ќе бидат сопатник на тимот на Стефановски и во Португалија. Како што од претходно информираа од тимот, турбината на возилото на Иџе во Шпанија работеше со 75 отсто од својот капацитет, а поради кусото време меѓу двете трки, нема време за никаква интервенција.

Инаку, Рампа дел Фалпера е една од најбрзите ридски патеки во календарот. Има чудна конфигурација бидејќи освен нагорнините кои на некои места се и до 9 отсто има неколку брзи надолнини, а на поедини места се вози и со 200 километри на час. Важи за многу популарен настан во Португалија, има огромен број гледачи, а атмосферата е како на фудбалски натпревар. Според кажувањата, Стефановски бил презадоволен од пречекот на организаторите актуелен европски шампион и целиот третман во Португалија како вистинска ѕвезда на овој спорт.

На трката ќе настапат преку 200 натпреварувачи, ќе се возат три трки, а ќе се сметаат двете најдобри времиња.

На бодовното салдо на Стефановски сé уште не се впишани бодовите од победата на втората трка во Австрија на која поради трагичната несреќа на чешкиот возач Отакар Крамски се возеше само една место планираните три трки, па се чека на дополнителна одлука од ФИА дали бодовите ќе важат целосно или половично. Во секој случај македонскиот возач останува на врвот на табелата со максимален учинок од три победи во исто толку настапи оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП