20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнтиќ и Атланта вo финалето на Истокот, ГС финалист на Западот

Антиќ и Атланта вo финалето на Истокот, ГС финалист на Западот

a finale22

Атланта и Голден Стејт се пласираа во конференциските финалиња во НБА лигата, откако со 4-2 славеа во полуфиналните серии над Вашингтон односно Мемфис. Двата тима кои во регуларниот дел од сезоната беа шампиони на своите конференции, по три средби имаа негатива од 1-2 но потоа забележаа три победи во низа, од кои две на теренот на противниците.

Атланта во Вашингтон победи со 94:91, во натпревар во кој македонскиот интернационалец Перо Антиќ за помалку од пет минути имаше учинок од три скока.

Атланта до големиот успех ја предводеа Демар Керол (25 поени, 10 скока), Пол Милсап (20 поени, 10 скока) и Џеф Тиг (20 поени, 7 асистенции).

Џон Вол беше најдобриот кај Вашингтон со 20 поени и 13 асистенции, додека најефикасен беше Бредли Бил со 29 поени.

Противник на Атланта во финалето на Истокот ќе и биде Кливленд предводен од Леброн Џејмс.

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Голден Стејт забележа уште една прилично убедлива победа над Мемфис (108:95) и со 4:2 се пласира во финалето на Западот, каде за противник ќе го има победникот од ‘мајсторката’ помеѓу Хјустон и ЛА Клиперс.

Стеф Кари и Дрејмонд Грин имаа ‘дабл дабл’ првиот од 32 поени и 10 асистенции, а вториот од 16 поени и 13 скокови, а Клеј Топмсон постигна 20 кошеви за Голден Стејт.

Марк Гасол кај Мемфис имаше учинок од 21 поен и 15 скокови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП