20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал го декласира Фенер за ново евролигашко финале

Реал го декласира Фенер за ново евролигашко финале

fener rm

Кошаркарите на Реал го декласираа Фенербахче и изборија пласман во финалето на Евролигата. Конечниот резултат 96:87 не ја отсликува вистинската доминација на Реал во второто полуфинале на завршниот турнир.

‘Кралскиот клуб’ против дебитантот на завршните турнири се избори за своето трето евролигашко финале во низа (во претходните две сезони Реал загуби од Олимпијакос и Макаби) во кое ќе се обиде да стигне до првата титула по 1995 година.

Интересно осмата шампионска титула Реал ја освои во 1995 година под водство на Жељко Обрадовиќ, на шпанска почва (Сарагоса) против Олимпијакос, екипа која ќе му биде противник в недела од 20 часот.

За разлика од првото полуфинале во кое Олимпијакос славеше над ЦСКА (70:68), во второто немаше никаква неизвесност околу победникот. Фенербахче се држеше во првата четвртина по која имаше поен предност (20:21), но во втората играчите на Реал почнаа да погодуваат од сите позиции, реализираа седум тројки од осум обиди и тој период го добија со 35:14 и практично го решија мечот.

На стартот од вториот дел се три врзани тројки стигна до позитива од 27 поени, што дополнително ги уништи надежите на турскиот тим.

Реал на овој меч погоди 14 тројки од 30 обиди и имаше само четири загубени топки.

Најефикасен играч на Реал беше Густаво Ајон со личен евролигашки рекорд од 18 поени на кои придодаде 7 скока и 6 асистенции, Кеј Си Риверс постигна 17 (5/6 за три), Серхио Родригез 13, а Руди Фернандез, Андрес Ночиони и Серхио Љуљ по 12.

Најдобар кај Фенербахче беше Јан Весели со 20 поени, иако Ендрју Гаудлок со 26 беше најефикасен, но најголем дел од поени тој ги постигна кога победникот беше решен. МВП-то на сезоната Немања Бјелица заврши со 11 поени, 5 скока и 2 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП