15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпанулис и сé е можно, Олимпијакос е финалист во Евролигата

Спанулис и сé е можно, Олимпијакос е финалист во Евролигата

spanulis 02

Кошаркарите на Олимпијакос се пласираа во финалето на завршниот турнир во Евролигата откако во драматично полуфинале славеа над ЦСКА Москва со 70:68.

Херој на победата на грчкиот тим е Васислис Спанулис кој во последните четири минути од натпреварот постига 11 од своите 13 поени. Претходно Спанулис имаше шут од игра 0/11, но кога се решаваше мечот погоди три тројки.

„Моравме да ја играме својата игра и знаев дека доколку бидам ‘вистинскиот’ дека можеме да се пласираме во финалето. Не бевме добри на почетокот, немавме добар ритам. На полувреме се договоривме да играме кошарка и уште еднаш покажавме дека имаме силен карактер и големо срце“, рече Спанулис по мечот.

Дуелот во Мадрид беше трето соочување на двата тима на завршните турнир во Евролигата во последните четири сезони, на сите победи Олимпијакос (во финалето во 2012 година и во полуфиналето во 2014 година).

Инаку ЦСКА имаше речиси добиен натпревар, на четири ипол минути до крајот ‘армејците’ водеа со 63:54, но тогаш Де Коло направи две непотребни грешки, Манцарис погоди четири слободни фрлања, потоа Спанулис уфрли тројка и го најави големиот пресврт.

Покрај Спанулис, кај Олимпијакос двоцифрен број поени постигнаа уште само двајца кошаркари: Принтезис (14 поени, 8 скока) и Слукас (10 поени).

Де Коло со 18 и Каун со 11 поени ја предводеа екипата на ЦСКА, каде потфрлија двајцата главни играчи Теодосиќ и Вимс.

Олимпијакос за својата четврта европска титула ќе се бори в недела (20 часот) со победникот од полуфиналето Реал и Фенербахче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП