26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти има преддоговор со Сити!?

Анчелоти има преддоговор со Сити!?

karlo 00

Карло Анчелоти има потпишано преддоговор со Манчестер Сити, соопштува „Sportmediaset“.

55-годишниот Италијанец потпишал со англискиот фудбалски клуб преддоговор, кој со ништо не ги обврзува двете страни.

Од Манчестер Сити уште кон крајот на минатиот месец побарале од Анчелоти да бидат информирани дали тој донел одлука за својата иднина.

Италијанецот има договор со Реал Мадрид до 30-ти јуни 2016-та година. По фијаското на Реал Мадрид сепак е многу веројатно Анчелоти да биде отпуштен.

Според информациите Анчелоти во моментов преговара со Флорентино Перез за разделбата меѓу двете страни. Стратегот сака да добие го добие сето она што е запишано во неговиот договор, кој е до 2016-та година.

Се претпоставува дека Анчелоти ќе го замени Мануел Пелегрини, кој е менаџер на Манчестер Сити од летото на 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП