22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСлучајот Нејмар е напад врз Каталонија

Случајот Нејмар е напад врз Каталонија

nejmar 2

Потпретседателот на фудбалскиот клуб Барселона, Џорди Кардонер, ги обвини властите дека го користат „случајот Нејмар“, како „политичко оружје против Каталонија“.

Шпанскиот суд го прифати барањето на јавниот обвинител да продолжи процесот против Барселона, нејзиниот поранешен и сегашен претседател Сандро Росел и Џозеп Марија Бартомеу, бидејќи при трансферот на Нејмар било извршено даночно затајување.

„Тоа не е само напад врз Барселона, туку тоа е и напад врз државата Каталонија, бидејќи клубот е заштитен знак на Каталонија. Повеќе ништо не ме изненадува. Многу ми е драго што наш противник во финалето во лигата на шампионите не е Реал Мадрид“, рекол Кардонер.

Фудбалерите на Барселона на 6-ти јуни во Берлин ќе се борат за европската титула против Јувентус, кој во полуфиналниот двомеч го елиминираше Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП