17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвролига: Реал, Фенер, ЦСКА и Олимпијакос во поход на титулата

Евролига: Реал, Фенер, ЦСКА и Олимпијакос во поход на титулата

ff madrid

Завршниот турнир во кошаркаркста Евролига ќе започне денеска во шпанската престолнина Мадрид. Пласман на Ф4 турнирот обезбедија екипите на Реал, ЦСКА Москва, Олимпијакос и Фенербахче.

Иако Реал е домаќин, а Фенербахче дебитант, според прогонозите сите четири тима кои пристигнаа во Мадрид имаат речиси подеднакви шанси да ја освојат титулата, односно да го наследат на европскиот трон Макаби. Израелскиот великан со чисти 3-0 ја загуби четвртфиналната серија од Фенербахче.

Реал на овој турнир ќе се обиде да ја освои деветтата шампионска титулата, прва по 1995-та година. На патoт до евентуалното финале и титулата, на Реал му стои дебитантот Фенербахче кој најголемиот адут го има на клупата во името на Жељко Обрадовиќ.

Токму со српскиот стратег Реал во 1995-та година ја освои последната титула, а дел од тимот беше и актуелниот тренер на Реал, Пабло Ласо. Обрадовиќ како тренер на Партизан, Реал, Хувентуд и Панатинаикос има освоено осум титули европски првак, што го прави најтрофеен на „стариот континент“.

Олимпијакос според резултатите е најконстантната европска екипа во изминатите четири сезони, грчкиот тим во Мадрид ќе игра на својот трет Ф4 турнир во последните четири години, во кои освои две титули.

Олимпијакос има три титули европски првак, во освојувањето на последните две голем придонес даде и македонскиот интернационалец Перо Антиќ.

ЦСКА Москва е шесткратен шампион на Европа, но „армејците“ последната титула ја освоиле во 2008-ма година. Она од што стравува ЦСКА е противникот против кого немаат добри искуства, во 2012-та година во едно од највозбудливите финалиња ЦСКА испушти предност од 19 поени во финалето, а Принезис потоа со звукот на сирената му ја донесе титулата на Олимпијакос.

Во 2013-та година овие екипи играа во полуфиналето и победата и тогаш му припадна на грчкиот тим.

Завршниот турнир ќе го отворат екипите на ЦСКА и Олимпијакос (18 часот), а потоа ќе следни натпреварот помеѓу Реал и Фенербахче (21 часот). В недела ќе се одигра мечот за третото место (17 часот) и финалето (20 часот).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП