12 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОХари Кејн е првата желба на Ван Гал

Хари Кејн е првата желба на Ван Гал

kane 00

Голгетерот на Тотенхем Хари Кејн е напаѓачот, кој ја предводи трансфер листа на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал.

Според „Дејли Меил“, „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат на Тотенхем околу 45 милиони фунти за англискиот репрезентативец. Ван Гал веќе го направи своето прво летно купување со привлекувањето на Мемфис Депај за кого ќе бидат платени 25 милиони англиски фунти.

Селекцијата на „Олд Трафорд“, сепак допрва почнува, а според „Дејли Меил“, „црвените ѓаволи“ ќе потрошат околу 150 милиони за нови играчи. Се бараат напаѓач, играч од средниот ред и централен дефанзивец.

„Мирор“, пак, инсистира во денешното издание дека Герет Бејл исто така е меѓу приоритетите на Манчестер Јунајтед. Ако дојде до евентуална зделка за Велшанецот, кој би чинел околу 80 милиони, тогаш „црвените ѓаволи“ ќе се раздели со претходното рекордно купување – Анхел ди Марија, за кого минатото лето платија 59,6 милиони фунти.

Другиот кој ќе си замине е Робин ван Перси, тврди „Мирор“. Двајцата добиваат по 250.000 фунти неделно, додека платата на Велшанецот ќе биде околу 300.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП