19 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар и Металург финалисти на ракометниот Куп

Вардар и Металург финалисти на ракометниот Куп

vardar-rakometari

Вардар и Металург се пласираа во финалето на ракометниот Куп на Македонија, откако во полуфиналните мечеви славеа над Зомомак односно Пролет. Вардар го декласираше Зомимак со 46:25, додека Металург славше над Пролет со 24.20.

Зомимак на Вардар му се спротивстави само во првата половина од првото полувреме, потоа ’црвено црните’ го подигнаа нивото на својата игра и стигнаа до убедлива победа.

Шишкарев со десет голови и Штербик со 19 интервенции беа најдобрите играчи на Вардар.

Металург вложи многу труд за да слави над Пролет, кој во текот на целиот меч беше во игра за пласман во финалето. Ѓукиќ и Талевски со по пет гола го предводеа Металург, додека Димитриевски од Пролет беше најефикасен играч на мечот.

Финалето во Купот на Македонија ќе се одигра в сабота, во СЦ Јане Сандански, со почеток во 18:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП