Севилја против украински Дњипро ќе ја брани титулата во Лига Европа, во финалето кое ќе се одигра на 27.мај во Варшава. Севилја во полуфиналниот двомеч ја декласира Фиорентина со вкупно 5:0, додека Дњипро направи неверојатен успех со елиминацијата на Наполи со вкупен резултат 2:1.
Дњипро дефинитивно е најпријатното изненадување оваа сезона во Европските купови. Овој тим кој не успеа да се палсира во Лигата на шампионите (беше елиминиран во третото квалификациско коло од Копенхаген) стигна до завршниот меч во Лига Европа.
Дњипро против фаворизираниот Наполи одгра 1:1 во првиот меч, а на домашен терен победи со 1:0 со голот кој го постигна Селезњов во 58.минута.
Севилја во Фиренца само го потврди пласманот во финалето, по 3:0 во првиот меч, екипата од Андалузија во реваншот победи со 2:0. Стрелци на головите беа Бака во 22. и Карико во 27.минута.
Екипата на Севилја во финалето ќе има можност да го освои четвртиот трофеј во Лига Европа во последните 10 години.