6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОSave the Children: Роналдо нема донирано 7 милиони евра!?

Save the Children: Роналдо нема донирано 7 милиони евра!?

kristijano-00

Хуманитарната организација „Save the Children“, ги демантираше информациите дека најдобриот фудбалер во светот за 2014 година Кристријано Роналдо, донирал седум милиони евра за жртвите од разорниот земјотрес кој го погоди Непал.

Споменатата хуманитарна организација на овој начин, како што пишува Mundo Deportivo, сака да ги демантира лажните наводи за донацијата на ѕвездата на Реал Мадрид.

Очигледно лажната информација ја протурка францускиот магазин So Foot, кој покрај приказната за донацијата од седум милиони евра, напиша дека Португалецот ги повикал и своите следбеници на Facebook, кои ги има околу 100 милиони, да се вклучат во акцијата и да им помогнат на децата во Непал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП