29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВрховниот суд на Шпанија го спречи штрајкот на фудбалерите

Врховниот суд на Шпанија го спречи штрајкот на фудбалерите

ass fudbaleri

Најавениот штрајк на фудбалските првенства во Шпанија кој го најави Фудбалскиот сојуз на оваа земја (RFEF) е суспендиран. Врховниот суд на Шпанија пресуди дека штрајкот кој беше најавен за 16-ти мај не може да се одржи, што значи дека сезоната во Примера ќе заврши според планираното.

RFEF преку штрајкот сакаше да издејствува повеќе пари од распределбата на телевизиските права и да го намали влијанието на Мистерството за спорт. RFEF се жали дека Миниситерството премногу се меша во работата на спортските сојузи.

Сепак најголем проблем во Шпанија претставува распределбата на парите од телевизиските права, бидејќи најпопуларните клубови Реал и Барселона добиваат многу поголем процент од останатите, за разлика од на пример англиската Премиерлига, каде парите се делат по неколку основи: гледаноста и пласманот во текот на сезоната.

До крајот на Примера во Шпанија остануваат уште две кола, а Барселона е блиску до освојување на титулата, бидејќи во последните две кола на Каталонците им е потребна една победа. Барселона в недела ќе му гостува на Атлетико, додека Реал ќе гостува во Барселона кај Еспањол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП