12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМари се повлече од Мастерсот во Рим

Мари се повлече од Мастерсот во Рим

andy3333

Британецот Енди Мари се повлече од Мастерс турнирот во Рим. Мари во второто коло забележа лесна победа над Жереми Шарди (6:4, 6:3), но реши мечот од третото коло без борба да му го предаде на Давид Гофан.

„Преморен сум. Вчера се беше во ред, но денес чувствувам замор“, рекол Мари.

Британецот, во неделата, го освои Мастерсот во Мадрид, тој размислуше да не настапи во Рим, сепак се реши да се појави во ’вечниот град’, но по еден одигран меч се повлече од турнирот. Инаку Мари беше во делот од костурот каде носител е Новак Ѓоковиќ и се очекуваше дуел на овие двајца во полуфиналето.

Гофан кој без борба мина во четвртфиналето во наредната рунда за противник ќе го има победникот од дуелот помеѓу Гарсија Лопес и Давид Ферер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП