16 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБјелица МВП на сезоната (видео)

Бјелица МВП на сезоната (видео)

mvpbwin-nemanja-bjelica (1)

Српскиот кошаркарски репрезентативец од редовите на Фенербахче Улкер, Немања Бјелица е прогласен за најкорисен играч (МВП) во Евролигата во сезоната 2014/2015. Евролигата ова го соопшти, денеска на отворањето на Фајнал Фор турнирот во „Каса де Кореос“ во Мадрид.

Бјелица блескаше оваа сезона и е најзаслужниот што Фенербахче прв пат во својата историја избори пласман на завршниот турнир во Евролигата.

Во текот на сезоната, во која не пропушти ниту еден натпревар, Бјелица просечно по натпревар бележел по 11,9 поени, 8,6 скока, 2 асистенции, 1,2 украдени топки и 0,7 блокади.

Бјелица добил најмногу гласови во изборот (25 отсто од гласовите се на навивачите, а 75 отсто на новинарите), а зад себе ги остави Милош Теодосиќ, Бобан Марјановиќ, Василис Спанулис и Фелипе Рејес.

Претходно крилниот играч на Фенербахче беше избран и во идеалната петорка на Евролигата.

На свеченоста во Мадрид беа доделени и останатите награди: „Трофејот Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец го доби Тејлор Рочести од Нижњи Новгород, за најдобар дефанзивец е прогласен Брајант Донстон од Олимијакос, а трофејот „Ѕвезда во подем“ исто како и лани му припадна на Богдан Богдановиќ од Фенербахче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП