20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи ќе плати 46 милиони евра за Гризман

Челзи ќе плати 46 милиони евра за Гризман

grizman 33

Напаѓачот на шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, како што пренесуваат британските медиуми се наоѓа пред трансфер во Челзи. Според истите извори, Челзи се согласил да ја плати клаузулата за предвремен раскин на договорот, која за Гризман изнесува 46 милиони евра.

Доколку трансферот биде реализиран, Антоан Гризман ќе биде трет играч на Атлетико кој доаѓа во Челзи за помалку од една година. На почетокот на сезоната Атлетико за сума од 58 милиони евра на „сините“ му ги продаде Диего Коста и Фелипе Луис.

Гризман во Челзи би требало да го замени Колумбиецот Хуан Квадрадо кој не се снаоѓа најдобро во англискиот фудбал и најверојатно ќе си замине од Островот.

Францускиот репрезентативец, Гризман е член на Атлетико Мадрид од јуни 2014-та година, а претходно пет сезони го носеше дресот на Реал Соисиедад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП