23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбраими во тимот на сезоната во Словенија

Ибраими во тимот на сезоната во Словенија

Nobomet Maribor:Rudar, Agim Ibraimi

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими е избран во идеалниот тим на сезоната во фудбалското првенство на Словенија.

Во изборот на професионалните фудбалери на Словенија, покрај Ибраими место во идеалниот тим најдоа уште четворица негови сoиграчи од екипата на Марибор.

Ибраими, исто така, бил во конкуренција и за признанието ’фудбалер на годината’, заедно со соиграчот Маркос Тавареш и Бенјамин Вербич од Цеље, а наградата му припаднала на Вербич.

Во изборот за играч на сезоната и идеалниот тим вкупно гласале 191 фудбалери:

Голман: Нејц Видмар (Домжале)

Одбрана: Петар Стојановиќ (Марибор), Митја Вилер (Марибор), Александар Рајчевиќ (Марибор), Урош Корун (Домжале)

Среден ред: Агим Ибраими (Марибор), Миха Зајц (Олимпија), Блаж Врховец (Цеље)

Напад: Бенјамин Вербич (Цеље), Маркос Тавареш (Марибор), Андраж Шпохар (Олимпија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП